Мурињо сепак го пријави Швајнштајгер за натпреварите од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед накнадно го регистрира Бастијан Швајнштајгер за Премиер лигата.

Швајнштајгер не беше пријавен за првите три кола во англискиот шампионат затоа што менаџерот Жозе Мурињо не сметаше на него, но сепак одлучи да го вброи меѓу 25-те избраници.

Тој досега тренираше со резервниот тим во потрага по нова средина, но не успеа да најде нов аранжман до крајот на август.

Немам проблем со Мурињо и натаму верувам во сопствениот квалитет. Мислам дека можам да  му помогнам на Јунајтед доколку добијам шанса. Ми останува да ја чекам можноста, а едно е сигурно, нема да ја завршам кариерата. Преодниот рок во САД е затворен и преминувањето во МСЛ нема да се случи оваа сезона, иако и тоа беше опција, истакна Швајни.

Инаку Швајцарецот минатото лето дојде на Олд Трафорд од Баерн.