Мурињо: Уште 12 години во Челзи, потоа селектор

На неколку часа пред официјалниот старт на последниот натпревар од 17. коло во англиската Премиер лига, градската пресметка помеѓу екипите на Арсенал и Челзи, менаџерот на лондонските “сини”, Жозе Мурињо откри дека сака да остане на “Стемфорд Бриџ” и во следните 12 години.

“Имам 51 година и би рекол, сакам да останам на “Стемфорд Бриџ” и во следните 12 години. Потоа сакам да бидам селектор и да обезбедам пласман на престојниот Мундијал. Потоа ќе кажам дека тоа е тоа”, изјави трофејниот португалски стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.