Мурињо: Во Арсенал плачењето е традиција

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, веднаш му одговор на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој веднаш по натпреварот помеѓу градските ривали изјави дека судијата Мајк Дин, намерно не досудил чист пенал за „топчиите”.

„Сакаат да плачат, таква е нивната традиција. Сакам да кажам дека вистинските Англичани, а за пример ќе го земам Франк Лампард, нема никогаш да испровоцираат некаква ситуација, да испровоцира некој фудбалер. Фудбалерите кои пристигнуваат од одредени држави, го имаат тоа во својата крв. Точно дека истите тие нудат нешто добро, нешто ново во фудбалската игра, но јас повеќе ја сакам англиската крв. Знам дека тие веднаш ќе продолжат со игра, како ништо да не било”, изјави трофејниот португалски стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.