Мурињо за неколку дена ќе подели 15 шут карти

Најпознатиот таблоид на Островот “Сан” го објави списокот со фудбалер кои ќе си заминат од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи за време на летниот преоден рок.

Контроверзниот менаџер на лондонските “сини”, Жозе Мурињо планира да подели 15 шут карти, а излезната врата од “Стемфорд Бриџ” ќе им биде покажана и на неколку стандардни првотимци меѓу кои и на најскапата аквизиција во клупската историја.
Карта во еден правец ќе добијат напаѓачите Фернандо Торес, Демба Ба и Самуел Ето. Кога е во прашање средниот ред, Мурињо во новата сезона не сака да смета на услугите на Давид Луиз, Рамиреш, Џон Оби Микел и Виктор Мозес.

Во списокот на португалскиот стучњак има место и за Ешли Кол, Ромелу Лукаку, Марко Марин, Ориол Ромеу, Гаел Какута, Џџон Мекекран, Хиларио и Сем Хачисон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.