Муртезани: Точно е дека ќе има средба меѓу Заев и Гаши

Портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани денеска за ТВ21 ја потврди средбата меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Да, точно е дека ќе има средба, но такви средби имало и во минатото, ќе има и во иднина. Додека за тоа што ќе се разговара на следниот состанок ќе ве информираме по завршувањето на средбата“, посочи Муртезани за ТВ21.

Претходно и премиерот Зоран Заев за ТВ21 ја потврди средбата.

Тој истакна дека истата ќе биде утре во 15:30 часот во Клубот на пратеници.