„Мусала софт“ најави инвестиција од 20 млиони евра и 300 вработувања

Бугарската компанија „Мусала софт“ најави инвестиција од 20 млиони евра и 300 вработувања
Бугарската компанија „Мусала софт“ најави инвестиција од 20 млиони евра и 300 вработувања

Бугарската ИТ компанија „Мусала софт“ ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра во Македонија и ќе вработи повеќе од 300 лица.

Денеска во просториите на Владата, вицепремиерот Владимир Пешевски и претседателот на компанијата Елена Маринова и официјално го потпишаа договорот и ја објавија одлуката за инвестирање и почеток на работа на „Мусала софт“.

-Компанијата започнува со работа во Македонија како резултата на напорите што Владата, Агенцијата за привлекување на странски инвестиции ги направија и се разбира е потврда на интересот на странските компании  за Македонија како поволна бизнис дестинација, подвлече вицепремиерот Пешевски.

Компанијата има во план во Македонија да отвори над 300 работни места и истите ќе бидат отворени до 2019 година, каде ќе во поголем број ќе биде вработен висококвалификуван кадар кои ќе работата на развој на најсофистицирани софтверски производи.

-Планираме да вработиме повеќе од 300 лица, а инвестицијата за тој период ќе надмине 20 милиони евра. Станува збор за висококвалификувани работни места  и ќе се ориентираме главно кон извозот. Веќе имаме повеќе пд 10-на вработени а во наредните години планираме брзо да се шириме, појасни претседателката на компанијата, Маринова.

„Мусала софт“ e водечка ИТ компанија  за софтверски и инженеринг услуги, испорака на големи и сложени софтверски  проекти, ИТ консалтинг и давање на софтверски решенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.