Муслиманите имаат право „да убијат милиони“ Французи, порача поранешниот малезиски премиер

Поранешниот сега 95-годишен малезиски премиер Махатир Мохамед во четвртокот порача дека муслиманите имаат право „да убијат милиони Французи поради масакрите во минатотo“, но не го одобри убиството на францускиот наставник поради покажувањето на карикатурата на пророкот Мухамед.

Махатир, кој е угледен водач во муслиманскиот свет, на својот блог напиша дека верува во слободата на изразувањето, но дека таа не би требало да биде употребена за навредување на другите.

„Муслиманите имаат право да бидат гневни и да убијат милиони Французи за масакрите од минатото. Но главно муслиманите не се водеа од законот ‘око за око’. Муслиманите не го прават тоа. Не би требало ниту Французите“, порачува Махатир кој пораката ја објави и на Twitter.

„Имајќи предвид дека ги обвинивте сите муслимани и исламската религија за она што го направило едно гневно лице, муслиманите имаат право да ги казнат Французите“, додава Махатир.

Во Twitter оцениле дека неговата објава ги крши правилата за величење на насилството, но заклучено е дека е во интерес на јавноста постот да остане на социјалната мрежа.

Оваа порака на Махатир дојде истовремено кога во Франција во четвртокот имаше неколку смртоносни инциденти со исламистичка заднина. Во центарот на Ница во базиликата Нотр Дам напаѓач со нож усмрти три лица, од кое едното со отсекување на главата, и повреди уште неколку други, пред да биде ранет и приведен од полицијата. Во друг инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој со нож им се заканувал на минувачите во место близу Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат во Џеда. Во уште еден инцидент во четвртокот кој се припишува на исламскиот радикализам во Франција, уапсен е маж кој се заканувал со нож во центарот на Лион во близина на станицата Пераше. Според информациите, уапсениот 26-годишен маж од претходно им бил познат на безбедносните органи и разузнавачките служби во врска со екстремната исламистичка сцена во Франција. Тој бил облечен во џелаба (исламска машка облека) и воена јакна и мафтал со нож со сечиво долго треисетина сантиметри.

Неколку земји со доминантно муслиманско население ги критикуваа изјавите на француските функционери, вклучително и на претстедателот Емануел Макрон кој застана зад објавувањето на пророкот Мухамед па и во француските училишта. Муслиманите објавувањето на приказите на Пророкот го дожувуваат како богохулие.

Судирот меѓу Париз и муслиманскиот свет се разгоре откако франциски професор по историја кој на своите ученици на час за слободата на говорот им прикажал карикатури на пророкот Мухамед беше обезглавен среде бел ден пред гимназијата од 18-годишен ученик.

Француските политичари оценија дека убиството претставувало напад врз темелните француски вредности, слободата на изразувањето и го бранеа објавувањето на карикатурите. Макрон, исто така, порача дека ќе ги удвои напорите за да се спречи конзервативните и екстремни исламистички убедувања да ги загрозат француските вредности.

. (Photo by Adem ALTAN / AFP)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.