Муслимански имигранти сакаат исламска држава во дел од Осло

Исламистичкото здружение „Ансал ал – Суна“ се заканило со напад сличен на оној од 11 – ти септември на скандинавската нација, ако дел од главниот град на Норвешка, Осло, не се претвори во муслиманска држава со шеријатски закони.

– Ние не сакаме да бидеме дел од норвешкото општество. А, не сметаме ниту дека е потребно да се оддалечиме од земјата, бидејќи тука сме родени и пораснати. Земјата на Алах им припаѓа на сите. Но, допуштете Гронланд да стане наш. Пуштете го овој градски кварт и дајте ни го нам да го контролираме како ние сакаме. Тоа е најдобро за двете страни. Ние не сакаме да живееме со валкани животни како вас. Немојте да не присилувате да сториме нешто што може да се избегне. Ова не е закана, туку само вистинити зборови. Зборови на правдата. Предупредувањата можат да бидат кобни, предупредување за 11 – ти септември на норвешко тло, или поголем напад од оној на Брејвик. Ова е за ваше добро и во ваш интерес, било наведено во барањето на „Ансал ал – Суна“.

Ова се зборови на потполно странски народ на кој една европска земја (Норвешка), ако не е и единствена, му дозволила да влезе на нејзина територија, под изговор дека тоа е либерално и демокатски.

Кога станува збор за парите и социјалната помош, тогаш за нив тоа се Норвешка и Европа, но инаку тоа е „исламска држава“ во држава. Полицијата одамна кренала раце, а норвешкиот весник „Афтенпост“ уште во 2010 година пишувал дека во овој дел од градот патролираат муслимански групи.

Секој нормален би бил навреден, но што се однесува до поголемиот дел од Скандинавците, се очекува молк поради страв од етикетирање како „расисти“. Се очекува неколку малоумници од „хуманистичките“ групи да го кренат својот глас за правата на овие екстремистички групи. Од норвешките власти се очекува сложување или во најмала рака преговарање на оваа тема, бидејќи потполно спротивното делување би било веројатно „нехумано“.

Сличен потег на група луѓе во држава која е под исламски режим би значел моментален прогон во најдобар случај, но попрво би завршил со каменување на дотичните „бунтовници“.