Муслиу: Сите тајни за „Диво насеље“ не се закопани со смртта на водачите на групата

146

Добиваме нови информации за „Диво насеље“. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на дел од водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Не биле само тие двајца коишто имале контакти со службите за безбедност – вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„По однос на „Кумановскиот настан“, морам да го кажам ова, констатирана е неискреност кон Јавното обвинителство. За мотивите на групата јасно е дека преовладувал политичкиот мотив за ангажирање на припадниците, иако се спомнува и финансискиот момент. Нејасна е причината за контактите на оперативците со водачите на вооружената група, односно недостасуваат информации за нападот во Гошинце и упадот на групата во урбаниот дел на Куманово. Но, добро е што јавноста ја разбра новата реалност во Агенцијата, односно автономноста и објективноста во нашето работење, па почнавме да добиваме нови информации кои за Агенцијата претходно беа непознати. Сепак, сметам дека одреден дел од потребните сознанија за да го комплетираме целиот случај се наоѓаат кај некои од осудените. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на двоецот Ризај и Ндрецај“, вели Муслиу.

На прашањето дали се сомнева во причините за смртта на Ризај и Ндрецај, тој вели не.

„Немам сомнежи за смртта, туку сакав да кажам дека со самиот чин на нивно загинување не заминаа сите тајни. Не биле само тие двајца коишто имале контакти со службите за безбедност. Затоа и кажав“, тврди Муслиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.