2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мустафај: Државата падна, власта е на коленици, Албанија е во лудило

Смета дека албанската економија е „потоната“ во криза и оти тоа го потврдува и Институтот за статистика – ИНСТАТ.

„Државата падна, власта е на коленци. Ситуацијата во земјата е антиуставна. Нашата економија е уништена, што го потврдува и ИНСТАТ. Кога не функционира економијата, владеењето на правото, тогаш каква е ситуацијата? Се разбира, ова е луда ситуација“, рече Мустафај.

Исто така, Мустафај се задржува и на локалните избори, спроведени на 30 јуни, без учество на главната опозиција. Според него, слабиот одѕив на гласачи (официјално 21,6 отсто, а според опозицијата 15 отсто) претставува јасна порака до премиерот Еди Рама дека Владата што ја предводи е „делегитимирана“.

Наведе свој став и за тоа како треба опозицијата да дејствува по изборите на 30-ти јуни.

„Ние сме во услови кога опозицијата ја има само улицата за да води политика. Единствениот простор што на опозицијата и остана за да прави политика се протестите. Владата беше делегитимирана од резултатот на изборите. Оваа влада покажа дека е подготвена да краде и самата од себе си. Опозицијата постигна победа и тоа мора да се капитализира политички. Нејзиното делување треба да се подобри и прилагоди на ситуацијата, каде мнознството ѝ се спротивстави на владата“, изјави Мустафај.

Поранешниот шеф на албанската дипломатија посочи дека опозицијата треба да се подготвува за идните избори и оти протестите се единствениот начин на нејзино делување, зашто не гледа друго решение