Мутираниот сој на вирусот може да предизвика повеќе смртни исходи во Британија

Мутираниот сој коронавирусот, кој се шири во Велика Британија, просечно 56 отсто е позаразен од оригиналниот сој, предупредуваат научниците во ново истржување, апелирајќи на побрзо вакцинирање за да се спречат уште повеќе смртни случаи.

Новата варијанта на короноваирусот која се појави во Лондон и на југоистокот од Англија во ноември и брзо се шири, веројатно ќе го зголеми бројот на хоспитализациите и бројот на починатите од коронавирусната болест Covid-19 следната година, според студијата објавена во средата, пренесува AFP.

Научниците од Центарот за математички модели на заразните болести при Лондонскиот колеџ за хигиеана и тропска медицина, анализирајќи ја епидемијата на југоистокот и истокот од Англија, како и во Лондон, заклучиле дека сѐ уште не е јасно дали мутираниот сој е посмртоносен од оригиналниот сој на SARS-CoV-2.

„Без оглед на тоа зголемената брзина на ширењето веројатно ќе води до поголем раст на бројот на новозаразените и процената е дека хоспитализациите поради Covid-19 и бројот на починатите ќе достигнат поголеми нивоа во 2021 во однос на 2020 година, дури и доколку регионалните мерки на ограничувања, воведени на 19-ти декември, се задржат“, напишале научнциите во студијата.

Авторите предупредуваат дека е малку веројатно дека националните мерки за „затворање“, воведен во Англија во ноември, да се спречи растот на бројот на заразените „ако не се затворат и основните и средните училишта, како и универзитетите“.

Секое ублажување на мерките веројатно веднаш би резултирало со големо ширење на вирусот, сметаат научниците. Тоа значи дека можеби би било неопходно многу да се забрза вакцинирањето за да се постигне „воочлив ефект во потиснувањето на оптоварувањето кое е резултат на болеста“.

Објавувајќи ги построгите мерки за божикните и новогодишните празници, британскиот премиер Борис Џонсон изјави минатата сабота дека новиот сој на вирусот е „и до 70 отсто позаразен од оригиналната верзија на болеста“.

Откривањето на новиот сој предизвика тревога ширум светот во моментите кога сѐ повеќе земји во светот ги започнуваат програмите за масовна имунизација за да ја зауздаат пандемијата.

Основачите на германската биотехнолошка компанија „BioNTech“, која ја разви вакцината со американската фармацевтска компанија „Pfizer“, велат дека е „многу веријатно дека оваа вакцина ќе биде делотворна против мутираниот сој откриен во Британија, а и дека може да се прилагоди на тој сој во рок од шест седмици“.