Музејот на македонската борба изработи Водич за музејска програма за лица со аутизам

Во чест на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Музејот на македонската борба се придружува кон дигиталните одбележувања на годинашната тема – Музеите за еднаквост – Различност и инклузија.

„По повод Меѓународниот ден на музеите на нашата веб локација е поставен Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства. Наменет е за музејските работници на кои врз основа на научни и практични принципи им се овозможува креирање програми и активности за лицата со аутизам и нивните семејства. Автори на водичот се д-р Јасмина Трошанска, Ана Шикалеска и м-р Данијела Трајкова-Крстиќ. Водичот е изработен на три јазика – македонски, англиски и албански јазик и може да се преземе на https://tinyurl.com/y7svkkqs.
Водичот е дел од активностите во проектот Отворени музеи реализиран во рамки на одбележувањето на 2018 Европска година на културното наследство“, соопштија од Музејот.