Музејот на македонската борба не го поддржува протестот на Синдикатот

Музејот на македонската борба-Скопје не ги поддржува протестите организирани од Синдикатот на културата во Република Македонија.

Ваквиот начин на демонстрирање, што се вклопува во партиска концепција на дејствување, не може да ја помати сликата на сите напори и резултати постигнати во сите области на културата изминативе години, стои во соопштението од Музејот на македонската борба.

Бројот на реализирани проекти, како што се наведува, укажува дека како никогаш досега е вложувано во културата и во афирмација на културните вредности и во Македонија и надвор од неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.