Музичките педагози реагираат: Со намалување на фондот на часови по музичко образование оштетени се наставниците и учениците

Здружението на музички педагози реагира на новата концепција за основно образование бидејќи како што посочуваат години наназад, музичките педагози се оштетени по основ намалување на фонд на часови.

-Со новата концепција сметаме дека е направена неправда, наместо да се зголеми фондот на часови, тој се намалува. Сметаме дека фондот на часови по предметот музичко образование треба да се зголеми со тоа што предметните наставници да предаваат од прво до девето одделение. Според предлогот на новата концепција сметаме дека се оштетени наставниците, а директно и учениците кои ја губат уметничко-духовната компонента. На состанокот се разгледаа и други образовни концепции, од кои увидовме дека предметот Музичко образование во нацрт програмата е застапен со најмал фонд на часови, се вели во соопштението на музичките педагози.

Тие бараат активно да бидат вклучени во градење на новата концепција за основно образование и да дадат придонес во нејзино оформување.