Музиката во детскиот свет – ран музички развој

Музиката и движењето се природни човечки појави. Првиот плач и првото движење на рачињата кај новороденчињата одат во прилог на претходната изјава.

Оттаму, музичкото училиште Пијанофорте во своите настојувања да ја одржи музиката во сечиј живот, ја создаде програмата за предучилишна возраст „Музичко изворче“, базирана на едукативниот концепт за музика-и-движење (Music and Movement). За малите деца е природно да сакаат да пеат, да се движат, да истражуваат звуци па затоа пристапот на програмата „Музичко изворче“ е прифатен со радост од секое дете. А што може да се очекува како придобивка од учеството во една ваква програма? Подобра ориентација во просторот околу себе, креативно размислување, подобрена моторика, подигната способност да се учи, стекнување навика за тимска игра – да наведеме само неколку. Сето ова ќе го постигнат преку активности со пијаното, гудачките инструмети, Орфовите удиралки, вежбите за развивање на слухот, пеењето, и ритмичките вежби, а најмногу од се преку многу забава.

Многу пати е потенцирано колку е важно музиката да биде присутна во процесот на образование и развојот на децата воопшто, па затоа музичкото училиште „Пијанофорте“ го дава својот придонес преку внимателно развиена програма со прецизна структура и секвенца што ќе го задржи интересот на децата од предшколска возраст за креативно растење. А не е исклучена можноста некои од учесниците во оваа програма да бидат идните генијалци не само во музиката туку и во други области. И ако може да се забележи во претходниот дел од текстот, никаде не се споменува прашањето од типот „Дали детето е талентирано?“.

Оваа програма нуди еднаква можност за сите а секој ученик добива подеднакво внимание имајќи ја предвид неговата индивидуалност и посебност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.