МВР: 101 казна за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 101 возач.

Од нив, две возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 59 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.