МВР: 275 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 67, 16 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.