МВР апелира за мирен протест

Министерот Оливер Спасовски апелира за оддржување на мирен протест, кој е најавен за денеска пред Собранието.

-И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот.

Дијалогот продолжува на 80. седница на Собранието на којашто треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на која ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година

Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, повикувам на свесност и одговорност во постапките.

Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега – моментум кога демократските процеси мора да течат непречено.

Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија,

Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните, вели Спасовски.