МВР ќе издава пасоши само во исклучителни случаи

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат: неодложно лекување во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професори и експерти кои треба да учествуваат на меѓународни конгреси, студенти во странство и слично.

Ова МВР синоќа го расправало на итен состанок бидејќи во моментов има 15.000 баратели, а на располагање има само 4.000 обрасци за пасоши.

Во моментов дневно има 700 барања за овој документ, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“.