МВР е во раце на мафијашки структури, Спасовски досега требаше да си даде оставка

Министерството за внатрешни работи е најскандолозното министерство во владата на Македонија. Имаме период кога за само 10 дена се случи ја повеќе скандали. Се случи ражба на марихуана во вредност од 2 милиони евра, и тоа не е прв пат туку и претходно имаше кражба во истата фирма, сега имаме случка кога има и кражба на масло од марихуана и никој не видел и додека не објавивме МВР молчеше, изјави за „Што не јасно“ на Алфа.

Ковачки истакна дека во истите тие 10 дена се случи кражба на оружје, бомби, муниција, од полициска станица во Охрид, и министерот молчи се криеше не излегуваше во јавност.

– За ваква работа се дава веднаш оставка. Ова е голем скандал. Имаше убиство на млад ракометар кое се обидоа да го сокријат додека не излегоа видеата, МВР и здравствените власти викаа дека е обична смрт, и пак им беше крив некој друг, никогаш власта, рече Ковачки.

Ковачки потенцираше дека ова се случува затоа што гледаме дека целата активност во МВР е предадена на мафијашките структури кои раководат и командуваат со единиците што е поразително.

– Срамно е ова што го прават, во најмала рака Оливер Спасовски требаше да си поднесе оставка. Но, Спасовски е оставен од Заев, премиерот во сенка прво за да го штити криминалот кој го прави Заев, и од друга страна да го контролира човекот кој го постави како премиер Ковачевски, нагласи тој.

Во врска со објавувањето на скандалите во МВР од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки нагласи дека граѓаните немаат доверба во институциите и затоа и пристапуваат на опозицијата.

– Скандалите ги дознаваме затоа што луѓето не им веруваат на властите и знаат дека ние ќе ги објавиме ти работи. Граѓаните знаат дека доколку пријават тоа ќе заврши во фиока или тоа лице да стане жртва што пријавило. Граѓаните не им веруваат на институциите и затоа доаѓаат кај нас кај опозицијата. Ние тоа ќе го објавиме и да покажеме дека оваа влада нема капацитет и легитимитет за да ја води државата, потенцира Ковачки.