4 C
Skopje
недела, март 7, 2021

МВР го полни Буџетот со казни

14

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.