МВР го снимило Јовановски како оди во домот на Јанева, а Милески на забава

63

Обвинителката Вилма Русковска во судницата во понеделникот презентираше докази прибрани со посебни истражни мерки и за Бојан Јовановски Боки 13, првообвинет во скучајот „Рекет“, кој бил тајно следен од полциијата во Скопје и во Охрид.

Се прикажуваат снимки како Боки, со едно машко и едно женско лице со руса коса влегуваат во возило. Јовановски бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, потоа како влегува во МНТ, бил снимен во трговскиот центар „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“, па во ресторан во Скопје со повеќе лица….

Во Скопје, пак, екипа за следење на МВР го следела Бојан Јовановски. Тој неколкупати бил во МНТ, во ресторанот „Лајт“, а за цело време бил совозач, додека возач му било машко лице на возраст од триесетина години.

Со возило „рејнџ ровер“, според тајните снимки направени од МВР за потребите на ОЈО, можеше да се види како Бојан Јовановски доаѓа и заминува од домот на неговите родители во населбата Тафталиџе 1, а бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“ и во ресторан во Скопје.

Агенти на МВР кои го следеле сега осудениот Зоран Милески Кичеец, во Охрид го снимиле како тој и негов пријател одат на забава со три девојки на возраст до 25-години во клуб во Охрид, кажа јавната обвинителка Вилма Рускоска, читајќи ги доказите од тајно направените снимки за потребите на случајот „Рекет“

Русковска покажа и снимка од 1-ви јули 2019 година како Зоран Милески Кичеец прво со возило оди во хотелот „Мериот“, а потоа и во компанијата „Пелистерка“, на крајот тој заминува преку Девет Баир во Бугарија. Попладнето истиот ден Боки бил снимен како со возило се упатува на улицата каде што живее обвинетата поранешна претседателка на СЈО, Катица Јанева, а бил снимен и пред клиниката „Жан Митрев“, на улицата „Варшавска“ и на повеќе локации низ Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.