МВР го соопшти идентитетот на малолетникот осомничен за подтменување на пожарот кај Матка

Седумнаесетгодишно момче е осомничено дека ви четвртокот го подметнало пожарот на Матка близу Скопје.

На 03.08.2017 година околу 13,46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски пријавено e дека во селото Долна Матка во близина на Кајакклубот, односно шумата спроти реката Треска, е зафатена од пожар којшто се ширел со голема брзина.

Веднаш по пријавата за настанот на лице место излезени се полициски службеници од ПО Сарај, вработени од ЈП Паркови Зеленило, БППЗ Скопје и ЦУК, a известен e и Јавен обвинител.

По преземените оперативни мерки и активности дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е 17-годишниот Л.Ш. од Скопје, за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, противе него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.