МВР и МПС ја стартуваа постапката за усогласување на платите

176

Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат од денеска започнуваат интензивна фаза за усогласување на платите на вработените во МВР со платите во јавната администрација.

На денешната прес конфернција, Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, истакна дека ова усогласување на платите ќе резултира со позитивен исход за сите вработени во МВР, а уште еднаш на дело ги потврдува напорите на Владата на Македонија за подобрување на стандардите и условите за работа на сите припадници на македонската полиција.

„Започнавме пред се со етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да бидат слични со основната плата во јавната администрација, но и со примањата на полициските служби во регионот. Прво со корекција на платата по ранг, давајќи приоритет на ниските плати и напоредно со тоа стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата“, појасни Министерката, која додаде дека е важно да се има и предвид признавањето на посебната улога на МВР во секојдневниот живот и сите ризици кои ги превземаат.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климоски, посочи дека се задоволни од досегашната соработка во МВР, како нивен социјален партнер, пред се’ бидејќи оваа мерка се превзема по нивно барање. Тој појасни дека ќе се формира работна група која ќе ги одреди условите за усогласување на платите.

Меѓу другото, Министерката Јанкуловска потсети на досегашните активности, превеземи по иницијатива МПС, меѓу кои како најзначајни таа ги одвои одредбите за пензионирање под посебни услови по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж без оглед на години, при што старосната пензија се утврдува во висина од 80 отсто од просечната месечна плата од најповолните десет години на вработениот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.