МВР идентификувало 16 „комити“ и се повикани на разговор по скандирањето во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи објави дека се идентификувани 16 навивачи на Вардар кои вчера беа снимени и објавени на социјалните мрежи како извикуваат „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ по натпреварот од фудбалската лига во Ѓорче Петров.

Според снимката, можеше да се види дека скандирањето било во моментот кога поминувала колона од Албанци кои биле тргнати на свадба.

– Се повикуваат на разговор, идентификувани се 16 лица. МВР има нута толеранција за вакви случаи, рече глчасноговорникот Сузана Праниќ Талевска пред медиумите.

Кривичните пријави ќе бидат поднесени кога ќе бидат завршени сите оперативни активности и ќе бидат најостро санкционирани, најавува портпаролката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.