МВР има кујни, а троши 13 милиони евра за исхрана на фирма блиска до Спасовски, ќе следи одговорност за криминалот

-МВР наместо во служба на граѓаните на СДС им служи како уште една алатка за испумпување на милиони евра, покрај тоа што им го штити и криминалот на функционерите од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сред најтешка криза СДС преку МВР троши неверојатни речиси 13 милиони евра на компанија блиска до Спасовски за исхрана на полицијата. Дека СДС и Спасовски се вмешани во уште една матна зделка говори фактот дека оваа набавка е сосема непотребна имајќи го фактот дека МВР располага со свои кујни и тоа со вработени и најсовремена опрема.

Две зделки СДС ги врши со фирма која не само што почнала со финансиска помош од владата на СДС, туку на поставувањето на камен темелникот присуствувал лично Оливер Спасовски.

Истата фирма Индустри сервис блиска до Спасовски ќе доставува храна за полицискиот центар во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово иако и двата имаат современи кујни.

Уште една потврда за крадењето на народните пари е и тоа што Спасовски плаќа по 4,5 милиони евра годишно, а пред овој тендер истата услуга го чинела МВР само 3.3 милиони евра кога самите ја приготвувале храната. Сето тоа им било малку па МВР им признава 15% транспортни трошоци за да биде зделката подебела.

Колку пари се крадат ни кажува и тоа дека со овие договори Индустри сервис станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од МВР.

Дека тука има голем криминал покажува тоа што Спасовски се сокрил и овие договори ги потпишало друго овластено лице. Сепак, Спасовски нема така лесно да се спаси.

Многу скоро доаѓа крајот на овие милионски криминали кои се прават на грбот на полициските службеници и граѓаните среде огромна финансиска криза кога сите едвај преживуваат. Крајот им е многу блиску, а потоа следи одговорност, стои во соопштението.