МВР изрече 332 прекршочни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 332 прекршоци информираат од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од владата со цел справување со Ковид 19.