МВР изрече 588 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 588 возачи.

Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 302 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.