12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

МВР ја потврди смртта на мотоциклистот кај Катланово, уште еден се бори за животот

архивска илустрација

Еден мотоциклист загина, а друг се бори за живот, по тешката сообраќајна несреќа која денес се случи кај Катланово, дознава КУРИР.

Стравичната сообраќајка се случила неколку минути пред 13 часот, а 28- годишниот Б.Ѓ им подлегнал на повредите.

Во 12:48 часот на автопатот Скопје- Велес, после наплатната Петровец, случена е сообраќајна несреќа во која двајца мотоциклисти удриле во товарно моторно возило. Мотоциклистот Б.Ѓ (28) им подлегна на повредите, а другиот мотоциклист е со тешки телесни повреди, велат од МРВ за КУРИР.