МВР: Кастриот Реџепи денот го поминал кај пријател, самоволно

Исчезнатиот пратенитк на Беса, Кастриот Реџепи, кој во текот на верашниот ден преку пораки на Фејсбук ја информираше јавноста за своето отсуство од собраниската седница, денеска самиот се пријавил во полициска станица каде објаснил дека не бил киднапиран и дека по своја волја денот наместо во Собранието го поминал кај пријател.

„Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно  никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок,  со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, соопштија од Секторот за јавност и протокол на МВР.

 Претходно, од партијата Беса информираа дека во полиција го пријавиле исчезнувањето на Реџепи, сомневајќи се дека тој е држен против својата волја на непозната локација, а дека пораките ги испраќа под принуда.

Во текот на вчерашниот ден, токму гласот на Реџепи недостасуваше за да падне Владата на Зоран Заев.