МВР потврди дека З.М. (екс-УБК) пукал во канцеларијата на првиот човек на АНБ

Министерството за внатрешни работи го расчистува вчерашниот инцидент во Полициската станица во Прилеп кога поранешен вработен во УБК  од службениот пиштол испукал еден куршум во канцеларијата на првиот човек на АНБ, а кој се случи по самото заминување на министерот Оливер Спасовски од Прилеп

„Вчера околу 15:15 часот во просторија која ја користи Агенцијата за национална безбедност сместан во ПС ОН Прилеп вработениот од МВР З.М. од службено оружје пиштол испукал еден куршум во подот.

Од испукувањето нема повредени, причинета е незначителна материјална штета. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид на лице место. Одделот за вантрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалстички работи Прилеп преземаат мери за расчистување“, вели портпаролот на МВР Тони Ангелов.

Вчера објавивме дека Зоранчо Маркоски, поранешен началник на УБК Прилеп, во моментов нераспореден на работно место во МВР, испукал во 14:30 часот со службен пиштол во простории на ПС Прилеп, поточно во канцеларија на првиот човек на АНБ (поранешна УБК) во Прилеп. Нашите итсакнуваа дека Маркоски наводно бил незадоволен, бидејќи не добил префрлување од УБК во АНБ.

Според нашите извори, Маркоски е член на СДСМ и редовно присуствувал на сите активности кои партијата ги организирала во Прилеп. Куршумот завршил во вратата, како што не информираше нашиот извор. Пукањето се случило во момент додека се раздолжувал со оружјето, а сето тоа се случило за кратко време откако министерот Оливер Спасовски си заминал од Прилеп.