Денешните парламентарни и претседателски избори досега минуваат во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на Република Македонија. Буквално на ниту едно гласачко место низ целата држава не се регистрирани никакви посериозни проблеми, ниту пак имало нарушување на процесот на гласање, се посочува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Припадниците на Министерството остануваат на терен се’ до завршување на гласањето.
„Штабот на Министерството продолжува да функционира каде остануваме отворени за проверка на сите информации кои стигнуваат до нас и до нашите пријатели од меѓународната заедница кои од утринава учествуваат и ја следат работата на штабот“, известуваат од МВР.