МВР на владина седница ќе предложи превентивни мерки за здравјето и безбедноста на граѓаните

147

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот официјален фејсбук профил ги објави мерките што МВР вечерва ќе ги предложи на владината седница во насока на преземање превентивни мерки за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Една од мерките што се предлага е Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје од 7:30 – 18:00, а во останатите градови од 7.30-16.30. Одлуката, како пишува Чулев, ја предлагаме врз основа на анализата на посетеност во изминатите денови.

– Со мерките за прекин на Владата да се вклучат и автошколите и Испитните центри. Армијата целосно да го преземе обезбедувањето на зелената граница и тоа на подрачјето на ПС за граничен надзор Блато и ПС за граничен премин и надзор Џепчиште, со цел полициските службеници од Граничната полиција да се стават во функција на граѓаните од регионот каде е прогласена кризна состојба, пишува Чулев на фејсбук.

Се предлага ресурсите на јавните претпријатија, пред се во делот на теренски возила, да се стават на располагање на Министерството за внатрешни работи. Исто така ќе се предложи на сите гранични премини, вклучувајќи го и скопскиот аеродром, на сите лица кои влегуваат во нашата држава да им биде врачена наредба и формулар за изјава за самоизолација.

– Во моментов Министерството за внатрешни врши патролно обезбедување на автобуси со кои 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово од скопскиот аеродром ќе бидат проследени со полициска придружба до граничен премин на излез од државата, пишува министерот Чулев на својот официјален фејсбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.