МВР негира дека полицијата спречувала возила со демонстранти

Министерството за внатрешни работи апсолутно ги демантира лагите за наводно спречување на протестанти, се наведува во одговорот на министерството во неделата

„Станува збор за класична лага“, се наведува во кусата порака, откако бројни граѓани на социјалните мрежи објавија фото и видео материјали од полициски контроли на автобуси и други возила кои превезуваа приврзаници на движењето Бојкотирам поротив уставни промени на вечерашниот протест во Скопје.