МВР објави фотографија од исчезнатата тинејџерка Вања Ѓорчевска

Министерството за внатрешни работи (МВР) со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. Девојчето за исчезнато го пријави неговата мајка која побара помош од полицијата откако од училиштето и се јавиле дека Вања не е дојдена на училиште, а мобилниот телефон и бил исклучен.

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, стои во описот на МВР.

Полицијата цела ноќ пребаруваше и ја продолжи потрагата по 14-годишната ученичка која вчера тргна, но не стаса до училиште. Нејзиниот телефон е исклучен од вчера утро, а Вања ја нема повеќе од 24 часа.

Министерството за внатешни работи извести дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако вчера во 8.35 часот нејзината мајка З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка е исчезната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.