МВР откри незаконска сеча на огревно дрво на повеќе локации

МВР во три одвоени случаи на повеќе локации откри незаконска сеча на огревно дрво.

Тетовската полиција вчера на три различни локации во атарот на тетовското село Мерово пронашла вкупно 42 метри кубни огревно дрво. Пронајденото огревно дрво било оставено во месноста „Јабланица“ и покрај селскиот пат во Мерово.

Покрај тоа, откриена е и локација од околу 10 хектари, на која засега непознати сторители извршиле безправна сеча на дрва.

Исто така, вчера пред куќата во сопственост на И.Б.(41) од село Желино, пронајдени се 76 метри кубни дабови и 15 метри кубни букови дрва, а во дворот на истата куќа уште 70 метри дабови и 30 метри букови дрва, за кои не ја поседувал потребната документација и кои немале соодветен жиг.

На И.Б. му е одредена мерка притвор, а пронајдените дрва ќе бидат предадени на Јавното претпријатие „Лешница“.