МВР: Полициски службеник и 13 лица во државен карантин на сопствен трошок

Во државен карантин на сопствен трошок во последните 10 дена (12 јуни – 22 јуни) се спроведени вкупно 13 лица меѓу кои и и полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ, наведуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од стапување во сила на Уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, од 12.06.2020 до денеска во државен карантин на сопствен трошок се спроведени вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани се 707 прекршоци“, се истакнува во соопштението на МВР.
Во изминатото деноноќие, според МВР, се издадени решенија за изолација на 566 лица, а 178 граѓани потпишале изјава за самоизолација. Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се констатирани две прекршувања на мерките.