МВР постапува по новите дојави за бомби

Денеска (05.12.2022) околу 7 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.