МВР потврди дека на Кајмакчалан загинале двајца планинари

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, потврдуваат од МВР за македонските медиуми.

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

На местото каде што се пронајдени загинатите има спасувачки екипи кои со сите сили се обидуваат да ги извлечат телата на планинарите.

Временските услови на Кајмакчалан се многу опасни, покрај снегот , најавени се бури.

Според грчкото планинарско друштво oд Меглен тие биле на грчката страна од планината, а нивните тела биле пронајдени на македонската страна.