МВР: Притвор за двајца мигранти од Авганистан кои криумчареле во земјава лица од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата коска

На 12 април 2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север и во координација со ОЈО за ГОКК, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на двајца илегални мигранти.
Како што соопштија опд МВР, во  период од 10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М.Б.(27) и Ф.Х.(30), со умисла и од користољубие, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, од Р.Грција до Куманово, со цел нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ.
„Кривично пријавените лица, по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра по лице, ги прифатиле илегалните мигранти на претходно утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија, по што пеш нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до кумановскиот регион, за нивно понатамошно пренесување во Р.Србија“, информира МВР.
На 13.04.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М.Б и Ф.Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик.
Од страна на Судија на претходна постапка, на двете кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.