МВР приведе германски државјанин кој Германија го бара за набавка на 700 кг. кокаин

Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од сојузната криминалистичка служба од Германија-БКА и полициски службеници од единицата за борба против дрога од Хамбург, Германија, а во координација со ОЈО за ГОКК, го лишија од слобода германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна организирана криминална група. Германскиот државјанин се бараше со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг. наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург, соопштуваат од Министерството за внатре[ни работи.

Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.

При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола и други предмети.

По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р.С.Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол.