МВР: Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, се наведува во соопштението, според статистичките податоци, на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се посочува во соопштението на МВР.