МВР работи на расчистување на случајот со вчерашното пукање на плоштадот Скендербег

МВР во денешниот билтен го регистрира вчерашното пукање во скопската општина Чаир кога симпатизерите на ДУИ масовно ја прославија евентуалната победа во овој дел од главниот град.

„На 15.07.2020 во вечерните часови во СВР Скопје било пријавено дека се слушало пукање од огнено оружје. Од страна на полициски службеници било евидентирано дека во периодот од 21.15 до 23.00 часот, за време на одржување на јавен собир на политичка партија на плоштадот Скендербег, од неколку правци се слушнале повеќе рафали од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот“, стои во денешниот билтен на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.