МВР санкционира 108 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи.

Од нив четири возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 56 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.