МВР: Санкционирани 331 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 93 прекршоци, 42 технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 санкциониран мотоциклист. Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.