МВР се’ уште не откри кој пукаше на прославата на ДУИ

Министерството за внатрешни работи се’ уште работи на утврдување на идентитетот на оние кои пукаа со огнено оружје на плоштадот „Скендербег“ за време на прославата на ДУИ по изборната победа во Чаир во првиот круг. До сега биле извршени разговори со четири лица, пишува Фокус.

Од настанот до сега помина повеќе од еден месец. Ресорниот министер, Оливер Спасовски, веднаш по случувањето изјави дека ќе следаат соодветни санкции за тие што со истрели ги прославија изборните резултати во Чаир.