МВР секогаш набавувало блиндирани возила без тендер

Директорот на претставништвото на „Мерцедес мак ауто стар“, Зоран Марковски на судењето за случајот „Тенк“ , рече дека МВР секогаш набавувало блиндирани возила без тендер.
Тој денеска сведочеше за набавката на „мерцеесот“ вреден 580.000 евра, за кој СЈО тврди дека е незаконска.
Марковски како сведок на СЈО рече дека секогаш претходно кога се набавувало блиндирано возило, државните институции го набавувале без тендер и со директна спогодба.
Според него, ова било прв пат некоја државна институција да набави вакво возило со тендер и без да го искористи законското право за директна спогодба и при тоа да набави каква марка на возило сака и од кого сака.

Пеетходно сведочеше и Киро Т., вработен во Агенцијата за разузнавање, кој како поранешен вработен во МВР бил член на Комисијата за набавка на возилото и според него, се било спроведено според законот. Тој објасни дека постоела потреба од набавка на блиндирано возилот бидејќи старите биле неисправни, а генералниот секретар на ООН Бутрос Гали бил првиот висок дрѓавник кој се возел во „мерцедесот“.