МВР со детали за експлозијата во викендичка во Матејче

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за експлозијата на плинска боца која вчера се случила во викендичка во Матејче.

Од МВР за Курир информираат дека во 21:45 добиле пријава од кумановската болница дека кај нив се донесени шест повредени лица.

-Биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект (викендица) во с.Матејче на место викано „Матејачки колиби“.  Потоа тие биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР за Курир.

Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.