МВР со детали за тешката сообраќајка кај Сити Мол

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од  булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Љубљанска“ и улицата„Московска“, кај Сити Мол.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.