МВР со детали за вчерашното убиство на холандскиот државјанин

На 10.05 околу 13.45 часот во СВР Тетово пријавено е дека во кругот на фирма лоцирана во село Прељубиште во безсознание било пронајдено лицето Ј.М. (59), холандски државјанин и сопственик на фирмата.

Од страна на итна медицинска помош, повикана на местото на настанот, било констатирано дека Ј.М. бил починат.

Според првичните сознанија, на настанот му претходела расправија и тепачка меѓу сопственикот на фирмата и лицето С.Р. од село Јанчиште вработено во истата.

По насока на Јавен обвинител екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадано на обдукција.

Лицето С.Р е приведено и задржано во ПС-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на кривично дело “убиство“.